Европската унија отворила правна постапка против Унгарија и Полска поради дискриминација на припадниците на ЛГБТ заедницата.
Во соопштението на Европската комисија кое денеска беше објавено е наведено дека нејзината акција против Унгарија е поврзана со новиот закон со кој се „забранува промовирање на хомосексуалноста на малолетници“ , што според многумина во Унијата претставува напад на правата на ЛГБТ лицата со стигматизација на сексуалните малцинства и задушување дискурс за сексуална ориентација.
Вториот случај против Полска е отворен поради одлуката во одредени зони и општини да се прогласат „ослободни зони од ЛГБТ идеологија“ , како и поради неуспехот на властите да одговорат на ова прашање.
- Полскиот Уставен суд пред одлука која може да го продлабочи конфликтот со ЕУ
- Во Унгарија стапи во сила контроверзниот „анти-ЛГБТ“ закон
„Комисијата започнува постапки за повреда на Унгарија и Полска во врска со еднаквоста и заштита на основните човекови права. Двете земји-членки сега имаат рок од два месеци да одговорат на аргументите изнесени од Комисијата. Во спротивно, Комисијата може да одлучи да им испрати образложено мислење и во понатамошен чекор да ги упати до Судот на правдата на Европската унија,“ се вели во соопштението на Комисијата.