ОН предупредија дека пандемијата на ковид-19 го наруши пристапот до рутинските вакцинации за милиони деца, создавајќи „совршена бура“ за појава на мали сипаници и други смртоносни детски болести. Околу 23 милиони деца ширум светот ги пропуштија основните детски вакцини во минатата година, соопшти ООН. Тоа е најголем број во повеќе од една деценија и е за 3,7 милиони повеќе отколку во 2019 година, според податоците објавени од УНИЦЕФ, агенцијата за деца на ОН и Светската здравствена организација (СЗО).
Во Пакистан стартува нова кампања за вакцинација против полио
Вакцинациите беа пропуштени, бидејќи рутинските здравствени услуги беа ограничени да помогнат во контролата на ширењето на ковид-19 и бидејќи многу родители се држеа настрана од клиниките поради страв од изложеност на вирусот. Укинувањето на ограничувањата создава потенцијал не само да го поттикне пренесувањето на ковид-19, туку и да дозволи болести како што се сипаници да започнат да се шират, велат здравствените служби на ОН. „Ова е еден вид совршена бура. Сега има акумулација на деца кои не се имуни затоа што не примиле вакцини“, рече Кејт О’Брајан, шеф на одделот за вакцини и имунизација на СЗО.