Белоруската полиција изврши рација во канцелариите на 12 невладини организации, вклучувајќи го центарот за човекови права „Вјасна“ и белорускиот хелсиншки комитет во услови кога авторитарниот владетел Александар Лукашенко дополнително ја зајакнува неговата борба против противниците и неистомислениците.
Белоруските власти сакаат да ги затворат критичните и недржавни медиуми и телата за човекови права во пресрет на масовните протести минатиот август по претседателските избори за кои опозицијата рече дека се наместени.
Вјасна е најголемото тело кое се бори за човековите права во поранешната советска земја и еден од главните извори на информации за политичките притвори и апсења. Адвокатот на Вјасна, Улазимер Лабкович, на Фејсбук изјави дека полицијата извршила претрес и во неговиот дом. Додека Наталија Пинчук, сопругата на претседателот на Вијасна, Алеш Бјалиацки, за РСЕ изјави дека нејзиниот сопруг необјасниво престанал да одговара на телефонските повици.
Сопругата на заменик-претседателот на Вијасна, Валијацин Стефанович, изјави дека нејзиниот сопруг бил приведен откако бил извршен претрес во нивниот дом, а Вјасна рече дека бил приведен и нејзиниот активист Сиархеј Сис.
Друг активист на Вјасна, Алена Лапционак, рече дека полицијата извршила претрес во нејзиниот стан и ја одвела во Истражниот комитет во врска со истрагата покрената за „организирање и учество во групни активности што го нарушуваат граѓанскиот поредок“.
Неколку други високи функционери во другите групи изјавија дека бил извршен претрес во нивните домови и дека се вршат рации и апсења на активисти во повеќе градови низ Белорусија.
Претходно во март, полицијата ја извести Вјасна дека е покрената кривична постапка против групата за активности што го нарушиле граѓанскиот поредок. Неколку активисти на Вјасна беа уапсени во тоа време.