„Има таков народ“ победник на изборите во Бугарија

Слави Трифонов

Централната изборна комисија во Софија соопшти дека партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов со освоени 24,08 проценти од гласовите е победник на предвремените парламентарни избори во земјата. Потоа следи ГЕРБ-УДФ со 23,51 отсто, БСП со 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ освои 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) 10,71 отсто, а коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ доби 5,01 проценти од гласовите.

На гласањето во странство, најмногу гласови освоила партијата „Има таков народ“ со 35,64 проценти, по неа следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС со 17,49 проценти.

Централната изборна комисија се очекува денеска или најдоцна утре да објави распределба на местата во 46-то Национално собрание на Бугарија.