Веб-страниците на руската хакерска група, REvil се офлајн

илустрација

Руската хакерска група, позната како REvil која е обвинета за масовен напад со откуп, не е веќе онлајн, предизвикувајќи шпекулации за тоа дали потегот е резултат на акција предводена од владата. Интернет-страниците на REvil исчезнаа од dark side мрежата на 13 јули, соопштија истражувачите за сајбер безбедност. Истражувачите рекоа дека не е јасно дали прекинот е резултат на дејствија преземени од органите на прогонот или дали REvil го сторил тоа доброволно. Белата куќа и американската сајбер команда одбија да коментираат, јави Асошиетед прес.

Уште еден голем напад за откуп поврзан со руски сајбер-криминалци

Групата REvil беше одговорна за нападот за откуп, започнат на 2 јули, насочен кон американската софтверска компанија Касеја, која осакати повеќе од 1.000 бизниси на глобално ниво. Групата побара 70 милиони долари во биткоини како откуп за да го дешифрира софтверот и да им овозможи на деловните субјекти насочени да пристапат до нивните податоци. Експертите за компјутерска безбедност изјавија дека групата стои и зад нападот кон крајот на мај против преработувачот на месо ЈБС. Оваа бразилска компанија на крајот им исплати 11 милиони долари на хакерите.

Бајден побарал од Путин да преземе мерки за сајбер нападите

Претседателот Џо Бајден го повтори предупредувањето до рускиот претседател Владимир Путин дека тој „ќе преземе акција“ против руските групи.