Владата на вчерашната 87-ма седница на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, во кој вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини до Собранието ќе биде доставен со европско знаменце. Како што соопшти владината Прес-служба, основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече амандманите на законот за државјанство
На седницата Владата ги утврди и текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи. Усвоена е и Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план, која истовремено е и дел од мерките од Планот за борба против корупција. Како дел од активностите утврдени во „Планот за борба против корупција“ се очекува нејзината имплементација да придонесе кривичните истраги да резултираат со конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата, се наведува во соопштението од владината седница.