Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги објави првите 30 кандидати од владејачката партија за градоначалници на претстојните локални избори. Тој информираше и дека биле поднесени биле 630 кандидатури за градоначалници и 5000 кандидати за советници. Заев порача дека одлуките ги носат здружено со граѓаните, кои што, како што рече, најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина.
„Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени меѓу граѓаниет на овие 30 општини. Сите овие кандидати за градоначалници и градоначалнички кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани СДСМ тоа во изминатите години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина“, изјави Заев.
Во трката за Град Скопје повторно ќе биде актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Меѓу другите градоначалници кои ќе се обидат да осовојат уште еден мандат се и Костадин Ѓорѓиевски – Охрид, Перо Костадинов- Валандово, Велимир Смилевски – Бутел, Филип Темелковски – Кисела Вода, Петре Шилегов – Град Скопје.
Потоа Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка и Сашко Николов за Штип.
Втората фаза потврдени градоначалници, посочи Заев, ќе биде објавена кон почетокот на следниот месец, а очекувањата се кон крајот на август да бидат објавени комплетно сите кандидати. Локалните избори треба да се одржат во втората половина на октомври.