Лукашенко: Белорусија ќе ги исполни финансиските обврски кон Русија

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашеннко и Владимир Путин

Авторитарниот лидер на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека земјата, која е силно погодена од економските санкции заради бруталното сузбивање на неистомислениците и независните медиуми, ќе ги исполни своите финансиски обврски кон Русија „по секоја цена“. Белорусија е заглавена во немири од минатиот август поради спорните претседателски избори за кои опозицијата вели дека се „наместени“ за да му се обезбеди на Лукашенко шест последователен мандат на власт.

Западот, кој одби да ги признае официјалните резултати од гласањето и смета дека Лукашенко не е легитимен лидер на земјата, воведе неколку рунди санкции против него, некои од членовите на неговото семејство, други високи функционери.

Претходно овој месец, ЕУ воведе понатамошни санкции за режимот по присилното слетување на европски патнички авион во Минск и апсењето на опозицискиот блогер. На ненајавената денешна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург, Лукашенко го обвини Западот за прибегнување кон „индивидуален терор“ и и се заблагодари на цврстата сојузничка Русија, бидејќи е „сигурен економски партнер“.

Лукашенко се состана со Путин неколку пати од почетокот на тековната криза во Белорусија. Путин рече дека трговијата меѓу Белорусија и Русија цвета и покрај санкциите.