Во последните 24 часа се регистрирани 21 нов случај на заразени со ковид-19, од направени 3.227 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Тетово има 11 нови случаи, во Скопје и Куманово по 3, Струга -2, Гостивар и Штип по еден нов случај.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти, а нема починати лица како последица на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.