Во последните 24 часа во Русија како последица на ковид-19 починале 780 луѓе, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.
Бројот на новорегистрирани случаи, пак, достигна 24.702, со што број на случаи се искачи на 5,7 милиони. Како последица на коронавирусот во Русија досега починале 144. 492 лица.
Русија во моментов се справува со нов бран. Здравствените власти велат дека бранот се должи на Делта сојот кој е позаразен и на тоа што кампањата за вакцинација заостанува. Досега само околу 15 проценти од населението примило вакцина. Но и покрај ширењето на заразата, Кремљ соопшти дека не планира да наметни други блокади.