Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов е повикан да се појави в четврток во полиција во Софија. Борисов ја соопшти веста на брифинг во седиштето на ГЕРБ. Според него, во поканата е наведено дека е повикан за да се даде информации. На прашањето зошто го викаат на распит, Борисов одговара дека не знае што да очекува од техничкиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков и дека веројатно ќе го прашаат зошто учествувал на изборите. Лидерот на ГЕРБ прецизираше дека треба да се појави во полиција во 10 часот.
Неодамна Рашков рече дека Борисов ќе биде предмет на проверка, оти постоеле сомнежи дека вршел притисок врз сведоци. Борисов, пак, вели дека не се сеќава дека на некого му вршел притисок.
ГЕРБ денеска побара оставка од Централната изборна комисија на Бугарија, поради организирањето на парламентарните избори во странство, соопшти на брифингот лидерот на партијата Бојко Борисов. Од ГЕРБ велат дека на гласањето во странство имало изборна измама.