Во пожар во болница во Ирак загинаа најмалку 64 лица

Разурнат одделот за коронавирус по пожарот во болницата Ал-Хусеин во јужниот ирачки град Насирија, 13 јули 2021 година.

Најмалку 64 лица загинаа, а други 67 се повредени во пожарот што избувна синоќа на одделот за ковид пациенти во болницата Ал Хусеин во Насирија, јужен Ирак, соопштија локалните здравствени власти. Премиерот Мустафа ал-Казими синоќа итно се состана со министрите и со безбедноста; службеници и им нареди да ги испитаат причините и последиците од пожарот, соопшти неговиот кабинет на Твитер. Се наведува дека директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата ДиКар биле сослушани од полицијата.
Според некои извори, пожарот бил предизвикан од експлозија на шише со кислород.

Пожар во ковид- болница во Багдад, најмалку 23 жртви

Во април, повеќе од 80 лица загинаа во слична трагедија во болница во Багдад кога пожар беше предизвикан исто така од експлозија на шише со кислород. Според информациите, од зградата што горелa биле евакуирани 20 пациенти.