Специјалниот американски пратеник за климатски промени Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот во Москва се согласија да развијат соработка меѓу нивните две земји во борбата против климатските промени. Кери, кој се сретнал со Лавров повеќе пати додека бил државен секретар на САД, рече дека „влогот не може да биде поголем“ додека светот се соочува со екстремни метеоролошки појави. „Јас и ти поминавме години во преговори за војни, хемиско оружје, нуклеарно оружје и без резерва можам да кажам дека ова е апсолутно подеднакво критична и итна иницијатива“, рече Кери на заедничката прес-конференција.
Бајден - Ова е одлучувачка деценија за климатските промени
Лавров посочи дека Москва „посветува големо внимание на проблемите поврзани со климатските промени“, поздравувајќи ја „многу навремената“ посета на нејзиниот американски гостин во Москва. Според него, Русија очекува „тесна соработка“ со Соединетите држави на климатскиот самит во ноември во Глазгов, Британија. Лавров додаде дека посетата на Кери е „многу важна и позитивна“ со цел да се „ублажат тензиите“ меѓу нивните две земји, кои со години се интензивираат поради обвинувањата за мешање во избори, шпионажа и сајбер напади, што ѝ се припишувани на Москва. Русија, еден од најголемите светски производители на нафта и гас, ветуваше во последните неколку години сериозно да ги сфати климатските промени.
Вечниот мраз на Сибир се одмрзнува, научниците зачудени
Во Сибир има растечки шумски пожари и топење на мразот - „мраз“, заканувајќи се на повеќе градови на Северниот пол. За време на својот годишен говор во април, претседателот Владимир Путин рече дека Русија мора да се прилагоди на климатските промени и нареди создавање на индустрија што ќе го рециклира јаглеродот испуштен во атмосферата. Климатските промени се едни од ретките области во кои Соединетите држави и Европската унија, среде постојани тензии со Москва, изразија подготвеност за соработка со Русија.