Активистот за заштита на човековите права Семјон Симонов е осуден по кривичната пријава поврзана со контроверзниот руски закон за „странски агенти“. Светската организација Хјуман рајтс воч соопшти дека судот во рускиот град Сочи донел осудителна пресуда за Симонов, со која е канзет на 250 часа општокорисна работа, за неплатена парична казна од центарот. Тој беше раководител на Центарот за заштита на човекови права.
Меѓу другите активности, Симонов документирал и злоупотреби направени во градежните активности пред оддржувањето на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 во Русија и Светскиот куп на ФИФА во 2018 година. Тој работел и на проекти поврзано с едукација за човекови права работел на случаи поврзани со полициска бруталност .
„Пресудата опфаќа речиси осум години малтретирање и заплашување на Симонов во знак на одмазда за неговата работа во секторот за заштита на човековите права. Властите треба веднаш да ги повлечат обвиненијата против Симонов, да ја укинат пресудата и да го укинат насилниот закон за„ странски агенти “, што е извор на казната “, се вели во соопштението на организацијата Хјуман рајст воч.
Контроверзниот руски закон познат како „странски агенти“ беше усвоен во 2012 година и постојано се менуваше. Според законот потребно е невладини организации кои добиваат странска помош и оние за кои владата смета дека се занимава со политичка активност, да се идентификуваат односно регистрираат себеси како „странски агенти“ и да поднесуваат реовни ревизии. Со последните измени на законот кон крајот на 2020 година, и се овозможи на руската влада како „странски агенти“ да посочи поединци, вклучително и странски новинари, и да воведе одредени ограничувања за нив.
Симонов одбил да го регистрира Јужниот центар за човекови права како странски агент, откако Министерството за правда ја додаде групата во регистарот на „странски агенти“ кон крајот на 2016 година. Следната година Центарот беше казнет со 4 илјади долари поради нерегистрација.
Во октомври 2019 година, извршителот на локалниот суд поднесе кривична пријава против Симонов за непочитување на судската пресуда, а во јули минатата година властите му изрекоа забрана за патување на Симонов.
Во 2017 година и рускиот сервис на Радио Слободна Европа се најде на листата на Министерството за правда на „странски агенти“ по што од почетокот на годинава руските судови почнаа да изрекуваат големи казни против РСЕ, затоа што сервисот не ги обележал своите производи со етикетата пропишана од руската влада. РСЕ ги обжали казните.
- На средбата со Путин, Бајден го покрена и прашањето за РСЕ како „странски агент“
- Москва планира повеќе казни против РСЕ за кршење на условите за означување содржина
Раководството на Радио Слободна Европа ги нарече казните „кампања спонзорирана од државата со цел принуда и заплашување, додека Стејт Департментот ги опиша како „неподносливи“.