Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов денеска на прес конференција изјави дека нема го подржи составот на владата предложен од лидерот на партијата„Има таков народ“ на Славеј Трифунов.
Борисов смета дека резултатите од изборите се „изманипулирани“ и изрази сомнеж дека Слави Трифонов навистина сака неговата партија да формира кабинет.
Претходно во видео обраќање Трифунов најави дека нема да прави коалиција со ГЕРБ ниту со друга партија и пред да бидат официјално соопштени изборните резултати го соопшти предлогот за владиниот кабинет. Трифунов го предлага Николај Василев за премиер кој беше во претходната влада вицепремиер.
Трифунов денеска објави дека „Има таков народ“ предлага независен кабинет, бидејќи партиите што протестираат немаат мнозинство заедно за да формираат коалициска влада.
„Владата на „Има таков народ“ е составена од експерти и пред неа ќе има специфични приоритети со најкраток можен рок за имплементација“, најави Слави Трифонов.
Тој најави и вселенска платформа, односно како што изјави „ ќе направи се што е можно да прати бугарски но и еден „северномакедонски астронаут“ во НАСА“.
Борисов смета дека водењето малцински кабинет со поддршка од само 60 пратеници и без преговори со останатите парламентарни партии е практично невозможно.
„Со изјавата на Слави Трифонов дека ќе предложи малцинска влада, тој реално не сака да направи влада. Планот им е друг. Бојко Рашков (актуелниот прв човек на МВР ) да беснее на функцијата додека може, додека не исчепка се што може. Тоа е играта на Румен Радев. Да остане техничката влада на власт. Тоа е сценариото“, “, изјави бившиот бугарски премиер Борисов на денешниот брифинг со новинарите во седиштето на ГЕРБ.
На пребројани 98,92 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, „Има таков народ“ (ИТН) предводена од бугарскиот телевизиски шоумен Слави Трифунов е во тесно водство пред партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите на ЦИК, објави бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.