Прореформската партија, која се залага за приближување на Молдавија до ЕУ и за борба против корупцијата, победи на парламентарните избори во Молдавија, покажуваат резултатите кои денеска ги објави изборната комисија.
Предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера ги распиша претседателката Маја Санду, чија реформистичка партија сега ќе ја преземе контролата врз Парламентот во оваа поранешна советска република. Нејзината партија „Акција и солидарност“ од десниот центар освои скоро 53 отсто од гласовите, додека „Прорускиот блок на социјалистите и комунистите“ доби 27 отсто.
Само уште една партија го премина прагот на освоени гласови и ќе влезе во парламентот кој има 101 пратеници.
Излезноста на избирачите беше нешто над 48 отсто во земјата со 3,5 милиони жители, една од најсиромашните во Европа, без излез на море, збиена меѓу Украина и Романија.
Во Молдавија предвремени парламентарни избори на 11 јули
Санду, поранешна економистка во Светската банка, вети дека ќе ја искорени корупцијата, ќе се бори против сиромаштијата и ќе ги засили односите со Европската унија.