Литванија ја обвинува Белорусија дека ги злоупотребува мигрантите

Литванија поставува бодликава жица низ границата со Белорусија

Литванија најави дека ќе бара од Европската унија нов сет санкции против Белорусија и нејзиниот авторитарен владетел Александар Лукашенко поради испраќање на голем број на илегални мигранти преку нејзините граници во балтичката држава.

Вилнус го обвини Минск дека ги злоупотребува мигранти како средство за политички притисок врз ЕУ како одговор на санкциите што беа воведени по присилното пренасочување на комерцијалниот лет на Рајанер кон Белорусија за апсење на опозициски блогер и неговата девојка.

Литванија е една од најжестоките критичари на Лукашенка, и бара силен одговор од ЕУ против неговиот режим. На 5 јули Литванија и додели на белоруската демократска опозиција предводена од Свјатлана Цихануаскаја официјален статус.

„Кога бегалците се користат како политичко оружје ... Јас ќе разговарам со моите колеги со цел Европската унија да има заедничка стратегија“, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис кога пристигна во Брисел на средба со неговите колеги од земјите членки на ЕУ.

Минатата недела, литванската премиерка Ингрид Симоните изјави дека Белорусија им нуди на мигрантите летови до Минск, повикувајќи се на документи пронајдени на најмалку еден мигрант кој стигнал до Вилнус.

Стотици луѓе преминаа во Литванија откако Лукашенко изјави во мај изјави дека неговата земја повеќе нема да ги спречува мигрантите да ја преминуваат нејзината западна граница кон ЕУ.