Состанок на Еврогрупата за можноста за воведување дигитално евро

монета од едно евро

Министрите за финансии на Еврогрупата на денешниот состанок во Брисел ќе разговараат за потенцијалните импликации на еврото како дигитална валута за граѓаните, бизнисите и Економската и монетарната унија како целина. Еврогрупата разговараше за еврото како дигитална валута во ноември лани по објавувањето на извештајот на Евросистемот за дигиталното евро. Во март годинава, на самитот на ЕУ беше побарано да се продолжи со истражувачката работа за можно воведување на дигитално евро.

Во светот на биткоин

Министрите за финансии ќе разменат и мислења за меѓународната димензија на економските и финансиските политики во еврозоната со Џенет Јелен, министер за финансии на Соединетите држави. Дискусијата се очекува да се фокусира врз економското закрепнување, како и на банкарската и финансиската стабилност. Претседателот на Еврогрупата, Пашал Донохое ќе ги информира министрите за јуни самитот на Евро, фокусирајќи се особено врз дискусиите за банкарската унија, со цел подготвување на работата што претстои.