Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ во четири сета го победи Матео Беретини од Италија и ја освои шестата титула на Вимблдон.
Победата на Србинот му ја донесе 20-тата Гренд слем титула, изедначувајќи го рекордот во машка конкуренција што го држеа Швајцарецот Роже Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Ѓоковиќ го загуби првиот сет, но потоа беше подобар во следните три, на крајот триумфирајќи со 6-7 (4/7), 6-4, 6-4, 6-3.
Ѓоковиќ сега е на пат да го постигне „Златниот слем“ освојувајќи ги четирите титули - Австралија опен, Отвореното првенство на САД, Ролан Гарос во Франција и Вимблдон, во иста година, подвиг што не е постигнат уште од 1969 година.
„Тоа значи дека никој од нас тројцата нема да запре", рече Ѓоковиќ по победата. „Роџер и Рафа се легенди. Тие се причината што сум денес каде што сум“, рече тој.