Граѓаните од утре ќе можат да се вакцинираат за Ковид-19 без закажан термин, соопшти Министерството за здравсво од каде наведуваат дека првата доза вакцина граѓаните ќе можат да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.
Во Скопје вакцинарање без закажан тремин ќе има во поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот, велат здравствените власти.
„Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7:30 до 14:30 часот. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот Мој Термин“ велат од Министерството за здравство.
Од институцијата наведуваат дека во спортските сали ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.
Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи според нив единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација.