Десетици убиени во борби меѓу авганистанските сили и Талибанците

Архива - авганистански припадник на безбедносните служби.

Смртоносните судири меѓу авганистанските сили и Талибанците во и околу јужниот град Кандахар продолжија втор ден, пренесува Радио Азади.

Авганистанската војска денеска соопшти дека 70 талибанци биле убиени и осум ранети во борбите во седмиот полициски округ на Кандахар и провинциски главен град во околината на областа Данд.

Безбедносните служби не дадоа никакви информации за жртви меѓу авганистанските сили во градот, кој е поранешно упориште на Талибанците. Пријавени се и жртви на цивили. Зборувајќи денеска за Радио Азади, портпаролот на полицијата во Кандахар, Џамал Наси Баракзаи, изјави дека милитантите насилно ги иселувале цивилите и ги користеле нивните домови за да се сокријат.

Талибанците не потврдија вмешаност во борбите во Кандахар, но тврдат дека презеле неколку безбедносни контролни пунктови во околните окрузи Спин Болдак, Данд и Зараи.

Десетици авганистански области, наводно се паднати под контрола на талибанските милитанти откако меѓународните сили предводени од САД на 1 мај официјално го започнаа повлекувањето од Авганистан, оставајќи ги силите лојални на кревката влада во Кабул ранливи на напади.