Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска регистрираше најголем број на инфекции од коронавирусот на дневно ниво од почетокот на годинава, а властите предупредуваат дека најлошото допрва треба да се случи во Сиднеј, каде од пред три недели во сила е блокада.
Во Нов Јужен Велс во изминатите 24 часа биле заразени 50 лица, најмногу од почетокот на годината. Досега 489 лица се заразени со многу заразниот делта сој на коронавирусот.
Од вкупниот број заразени, 26 се луѓе кои биле во заедница, иако знаеле дека се заразни, што предизвика загриженост дека мерките во Сиднеј и околината е можно да бидат проширени.
Во болниците има 47 заразени, од кои 19 се помлади од 55 години.
Според здравствените служби, ниту едно целосно вакцинирано лице не е во болница и 79 проценти од примените пациенти не примиле ниту една доза на вакцина.
Во Австралија вакцинацијата е предвидени за лица постари од 40 години и за ранливите групи.