Бајден побарал од Путин да преземе мерки за сајбер нападите

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот рускиот колега Владимир Путин

Претседателот на САД, Џо Бајден за време на телефонски разговор го повика неговиот рускиот колега Владимир Путин да преземе акција против Рансомевеар- сајбер напади со малициозен софтвер кои ја блокираат работата на компјутери се со цел да се изнуди откуп, а зад нив стојат групи Русија, соопшти Белата куќа.

Сајбер нападите врз САД и другите земји нагло се зголемија во текот на изминатата година и вклучија напад од висок профил со кој беше затворен голем цевковод за гориво во источниот дел на САД. Бајден му порачал на Путин дека Соединетите држави ќе преземат „каква било неопходна акција“ за да ги одбранат Американците и критичната инфраструктура загрозена од сајбер напади, соопшти Белата куќа.

Повикот, за кој Белата куќа наведе дека траел околу еден час, се случи по неколку дена откако софтверот за далечинско управување на фирмата Касеја со седиште во Флорида, беше цел на Рансомвеар, кој влијаел на стотици американски бизниси и до 1.500 бизниси на глобално ниво.

Информациите за обемот на нападот, за кои експертите за сајбер безбедност изјавија дека е најголемиот напад на софтвер, останаа нецелосни.

Кибер-криминалната групација „Ривил“ со седиште во Русија побара биткоин во вредност од 70 милиони долари за да го дешифрира софтверот и да им овозможи на сопствениците пристап до податоците.

„Претседателот Бајден повтори дека Соединетите држави ќе преземат какви било неопходни активности за да го одбранат својот народ и својата критична инфраструктура пред овој постојан предизвик“, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Разговорот меѓу двајцата лидери се случи по помалку од еден месец откако тие ја одржаа својата прва средба во Женева, кога Бајден прв предупреди да не продолжуваат сајбер нападите врз американските бизниси и инфраструктурата кои произлегуваат од Русија.