МНР реагира за изборни спотови во Бугарија, биле несоодветни

Изборни плакати во Бугарија.

Во предизборни спотови објавени во Бугарија се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон С. Македонија, реагира македонското Министерството за надворешни работи. Од МНР ги осудија ваквите спотови, кои, како што стои во реакцијата од Министерството не се во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности.

„Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“, стои во реакцијата на МНР.

Во Бугарија в недела ќе се одржат вонредните избори, откако на претходните пред три месеци ниедна партија не обезбеди парламентарно мнозинство.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски објави видео спот кој започнува со тоа дека Македонија е бугарска, а тоа, како што се наведува во спотот, е факт што не мора да се докажува.