Вонредните избори в недела во Бугарија се одржуваат за да се излезе од ќорсокакот откако ниту една партија не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство по изборите пред три месеци. ГЕРБ предводен од долгогодишниот поранешен премиер Бојко Борисов иако победи на изборите не успеа да формира влада, бидејќи другите партии ја избегнуваа поради гневот на народот кон вкоренетата корупција. Ниту новата бугарска партија „Има таков народ“ (ИТН) не успеа да состави влада. Најновите анкети пред предвремените избори на 11 јули, покажаа дека „Има таков народ“ останува во тесна трка со десноцентристичката ГЕРБ, која беше на власт во поголемиот дел од изминатата деценија.
Зошто анкетите го погрешија победникот на изборите во Ерменија?
Лутината спрема склоните кон корупција политичките елити, кои многумина ги обвинуваат за тоа што Бугарија останува најсиромашна и најкорумпирана земја членка на Европската унија, ја зголеми поддршката за „Има таков народ“ основана од ТВ водителот Слави Трифонов. Анкетата на софиската Алфа Рисрч покажа дека поддршката за ИТН се искачи на 21,8% од 17,7% што ги освои на општите избори во април, кога беше втора по големина партија. ГЕРБ ги мобилизираше своите приврзаници во пресрет на неделното гласање и заостануваше само 0,3% зад ИТН, но сепак е под 26,2% што ги освои во април. Анкетата за јавното мислење сугерира дека поддршката за ИТН и нејзините потенцијални партнери, Демократска Бугарија и Исправи се! Мафија надвор! повторно нема да биде доволна тие да соберат парламентарно мнозинство и да формираат влада.