Орбан: Србија е клучот на стабилноста на Западниот Балкан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната посета на Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната посета на Белград изјави дека Србија е клучот на стабилноста на Западниот Балкан. Тој порача дека недвосмислено ја поддржува Србија и нејзиното членство во ЕУ, бидејќи зад Србија стои целиот Западен Балкан.

„Додека Србија не се интегрира, ни Западниот Балкан нема да биде интегриран. Србија е клучна земја и ЕУ треба да го разбере тоа,“ изјави Орбан.

Тој потсети и на проблемот со миграциската криза.

„Опасноста повторно ни чука на врата- а тоа е масовна миграција. Повторно ќе го имаме стариот добро познат проблем. Ако ги следите вестите од Авганистан, уште сега гледаме дека оваа земја ја напуштаа стотици илјади луѓе поради драматичните промени во државата. Без препрека во нивното доаѓање во Турција, Балканот е следниот чекор“ предупредува Орбан.

Орбан на листата на „непријатели на слободата на печатот“

ЕУ со закани кон Унгарија поради контроверзниот „анти-ЛГБТ“ закон

Улогата на Унгарија е крајно стабилизирачка на Западен Балкан и сите земји во регионот ја гледаат и сметаат Унгарија како стабилизирачки фактор, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес конференција во Белград со Орбан.

„Многумина велат дека го поддржуваат патот на Србија кон ЕУ, но малку кои тоа го прават храбро и отворено, подготвени заради Србија да трпат критики, како што тоа го правите вие“, нагласи Вучиќ.