Филипче: Нема да биде задолжителна вакцинацијата против ковид-19 за децата

Нема да биде задолжителна вакцинацијата на децата против ковид-19 изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој на денешната прес конференција истакна дека некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против ковид-19 како задолжително, односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Тоа во земјава нема да случи рече тој.


Филипче тврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против корона вирус се безбедни за децата откако вчера најави дека од понеделник и децата над 12 години ќе може да се вакцинираат против корона со вакцината на „Фајзер“.

Од понеделник ќе почне и теренска вакцинација и ќе биде дозволено вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст. Тој додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.