Полицијата на Хаити соопшти дека убиле четворица наводни „платеници“ и заробиле уште двајца по атентатот врз претседателот на таа карипска земја во неговиот дом на 7 јули. Повеќе осомничени сè уште се на слобода, соопшти полицијата. Убиството на 53-годишниот претседател Жовенал Моиз се закани дека оваа сиромашната островска земја со 11 милиони жители ќе влезе во голем хаос. Привремениот премиер Клод Жозеф објави национална „состојба на опсада“ и рече дека сега владее со земјата.
САД со помош за Хаити по атентатот на претседателот
Првично немаше индикации за тоа кој стои зад атентатот. Потоа се појавија информации дека, наводно, маскирани лица кои се претставиле како офицери на Агенцијата за борба против дрогата на САД упаднале во домот на Моиз во близина на главниот град Порт-о-Пренс. Првата дама Мартин Моиз е во критична состојба и наводно е пренесена во Флорида на лекување. Моиз ја презеде власта со декрет, откако изборите во 2018 година беа одложени. Советот за безбедност на ОН го осуди убиството и повика сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Опозицијата го обвини Моиз дека сака да инсталира диктатура. Тој ги негираше обвиненијата.