Светската здравствена организација (СЗО) ги повика владите да бидат крајно внимателни со целосното укинување на ограничувањата наметнати за борба против коронавирусот, предупредувајќи дека со тоа ќе се зголеми бројот на нови инфекции. Директорот на СЗО, Мајкл Рајан, изјави дека „секоја земја сега ги отстранува ограничувањата на еден или друг начин“ со цел да се воспостави рамнотежа помеѓу враќањето во нормален живот и потребата од контрола на вирусот. Рајан рече дека „преносот на вирусот ќе се зголеми“ кога ќе се отворат земјите, бидејќи не се сите вакцинирани и не е сигурно колку вакцинацијата го ограничува ширењето на инфекцијата.
Поради делта сојот, Сиднеј „под клуч“ уште седум дена
Бројот на смртни случаи од вирусот корона во светот денес надмина четири милиони. Пандемијата е далеку од завршена, а бројот на нови инфекции и смртни случаи повторно расте како резултат на ширењето на многу заразниот делта сој на коронавирусот, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, наведувајќи дека бројот од четири милиони починати е „најверојатно“ помал од реалниот.