Европската унија упати сериозно предупредување до Унгарија дека мора да го укине контроверзниот закон за забрана на материјали што може да се сметаат за промовирање хомосексуалност или ќе се соочи со целосен гнев на законот на Унијата.
Зборувајќи пред парламентарците на ЕУ на парламентарната седница во Стразбур на 7 јули, денот кога законот стапи на сила, претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, изјави дека законот е против заштитата на малцинствата и почитувањето на човековите права.
"Хомосексуалноста се поистоветува со порнографија. Ова законодавство ја користи заштитата на децата за дискриминација на луѓето поради нивната сексуална ориентација", изјави фон дер Лајен пред Европскиот парламент.
Таа додаде дека Унгарија ќе се соочи со целосната сила на законот на ЕУ доколку не се повлече, но не посочи детали.
„Срамота е“, додаде таа.
Унгарскиот парламент минатиот месец го усвои законот со кој се забранува „прикажување или промовирање“ на хомосексуалноста или промена на полот во телевизиски емисии, филмови и програми за сексуално образование на деца во училиштата.
- Во Унгарија стапи во сила контроверзниот „анти-ЛГБТ“ закон
- ЕУ до Унгарија- или почитувај ги правата на ЛГБТИ или оди си
Законот предизвика осуда од западните земји, а критичарите го опишаа законот како напад врз правата на ЛГБТ луѓето, велејќи дека тој ги стигматизира сексуалните малцинства и дека сака да го задуши дискурсот за сексуалната ориентација.
Протести против законот се одржаа минатиот месец во Будимпешта, а некои водачи на ЕУ го нападнаа премиерот Виктор Орбан за време на самитот минатата недела.
Францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте пред една недела бараа Орбан или треба да ги поддржи вредностите на ЕУ или да ја повлече Унгарија од Унијата.
Пред самитот, лидерите на 17 членки на ЕУ потпишаа писмо со кое изразија жалење за каква било форма на дискриминација заснована на сексуална ориентација, велејќи дека „почитувањето и толеранцијата се во основата на европскиот проект“.