Коронавирусот во Русија зазема се поголем замав, во изминативе 24 часа се регистрирани рекордни 737 смртни случаи поради компликации од ковид-19, додека дневниот биланс на ново заразени изнесува 23.378.
Дневниот биланс на потврдени инфекции се зголеми повеќе од двојно во изминатиот месец, и се зголеми од околу 9 000 на почетокот на јуни на повеќе од 23 000 оваа недела.
И покрај напливот на инфекции, руските власти засега не најавуваат нови рестриктивни мерки, јавуваат светските медиуми.
- Британија за една недела бележи раст од 53 проценти на новозаразени со ковид-19
- Израел повторно воведува ограничувања поради ширење на пандемијата
- Германија ги укинува забраните за патување од пет земји
Според последните правила за патување кои денеска ги објави руската агенција за јавно здравје, луѓето кои не се вакцинирани и кои не прележале неодамна коронавирус за да влезат во земјата ќе треба да направат ПСР тест и да се самоизолираат до три дена, односно до добивање на резултатите.