Се намалува интересот за анти-ковид вакцини во Романија

Во Романија се намалува интересот за вакцинирање против ковид-19 и здравствените власти најавија дека ќе затворот 117 пункта за вакцинација со што ќе се намалат и работните часови за 370 здравствените работници во земјата.

Романските здравствени власти најавија дека од мај навака бројот на заинтересирани за вакцина континуирано опаѓа. Од 120 илјади на ден сега е намален на помалку од 20 илјади на ден заинтересирани за вакцина против ковид-19.

Бројот на новозаразени со короновирусот на дневна основа во изминативе недели е намален, но тоа не значи дека треба олабавување, напротив можно е нов бран како резултат на ширењето на делта сојот, изјави денеска шефот на Националниот комитет за вакцинација Валериу Георгита.

Според досегашната статистика над 19 милиони луѓе во Романија се вакцинирани со две дози против ковид-19 што значи дека 24 проценти од вкупното население е целосно имунизирано.

Поради делта сојот, Сиднеј „под клуч“ уште седум дена

Георгита најави дека доколку се забележи дека има раст на интересот на граѓаните за вакцинирање, можно е повторно отворање на затворените пунктови.