Во последните 24 часа од направени 2.743 тестирања, регистрирани се девет нови случаи на Ковид-19 и тоа во Тетово – шест, Гостивар – два и Охрид – еден, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – пет, Струмица – три, Крива Паланка и Кичево – по еден. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти.
- Од понеделник ќе може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години
- МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни
Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.