Од понеделник ќе може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години

илустрација

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека од понеделник во Македонија ќе се дозволи вакцинација на младата, односно школска популација од 12 до 16 години.

„Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца,“ изјави министерот за здравство.

По ширењето на делта варијантата, како што рече министерот, се соочуваме со ситуација која ни укажува колку е битно граѓаните да се вакцинираат.

МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни

Филипче - Потврден четврти случај на делта сојот

Филипче уште еднаш нагласи дека присуството на корона вирусот најверојатно ќе трае повеќе годинио, но нагласи дека, тоа не значи дека животот на граѓаните треба да биде затворен.