Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс ја продолжија за уште седум дена наредбата жителите на Сиднеј да останат дома поради ширењето на делта сојот на корона вирусот.
Сиднеј, кој има пет милиони жители е под блокада од 26 јуни, а ограничувањата беа планирани да бидат укинати на 2 јули, но ќе останат на сила до 16 јули.
Помалку од 10 проценти од австралиските граѓани се вакцинирани, пред се поради недостаток на залихи од вакцини.
„Она што имаме намера да го направиме е ова да биде наша единствена блокада пред повеќето граѓани да се вакцинираат“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан.
Што се знаеме за Делта варијантата на Ковид-19
Сиднеј беше најтешко погоден од неодамнешното појавување на делта сојот, а случаите се проширија низ целата земја. Сепак, бројот на случаи на инфекција во Австралија е прилично мал. Вкупно, помалку од 31.000 луѓе се заразиле, а 910 починале. Вирусот се проширил од хотелски карантин при што предизвика брзо заклучување во најголемите градови во Австралија, вклучувајќи ги Бризбејн, Дарвин и Перт.