Делегација на авганистанската влада денеска се состана со претставници на Tалибанците во Техеран, објави иранското Министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме, по повлекувањето на американските сили од Авганистан, Талибанците брзо напредуваат окупирајќи територии во руралните области, но и со опкружување на некои поголеми градови.
Отворајќи ги разговорите во Техеран, иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф го поздрави заминувањето на американските трупи од неговиот источен сосед.
„Денес, луѓето и политичките лидери на Авганистан мора да донесат тешки одлуки за иднината на својата земја“, предупреди Зариф.
Истиот ден, според АФП, Талибанците започнале напад во западниот град Кала-и-Нау, главниот град на провинцијата Бадгис, веднаш откако милитантите ги окупирале сите околни области на покраината.
Американската армија соопшти дека е завршено 90 насто од повлекувањето од Авганистан
На 14 април, американскиот претседател Џо Бајден објави дека преостанатите 2.500 американски војници во Авганистан ќе бидат повлечени до 11 септември, без да постават никакви услови. НАТО наскоро посче тоа објави дека до тој датум, приближно сите 7000 војници под нејзина команда, исто така, ќе ја напуштат земјата. Повеќето трупи на НАТО го напуштија Авганистан минатата недела.