Трибуналот во Хаг им го продолжи притворот за уште два месеци на поранешните членови на Генералштабот на ОВК, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи кои се обвинети за злосторства во Косово и Албанија, 1998-99 година. Судијата Никола Гију, го одби нивното барање за ослободување од судски притвор во Шевенинген, каде што се наоѓаат од ноември минатата година. Одлуката за барањето за укинување на притворот за првообвинетиот, поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, ќе ја донесе судијата Гају подоцна, бидејќи Тачи, поради промената на бранителот, имаше продолжен рок до 30 јуни да го поднесе тоа барање.
Историја на Хашкиот трибунал: Децении на правда за злосторствата во екс-Југославија
Гију изјави дека, спротивно на нивните тврдења, сè уште постојат сите причини за продолжување на притворот и оти утврдил дека постои основано сомнение дека тие сториле кривични дела за кои биле обвинети. Според одлуката на судијата Гиху, постои ризик - доколку бидат ослободени од притвор - обвинетите да се обидат да избегаат, да ја попречуваат работата на судот и да влијаат врз сведоците. Судијата исто така зеде предвид дека Косово има „постојана клима на заплашување на сведоци и мешање во кривична постапка против поранешни припадници на ОВК“. На првото појавување пред судот, во ноември, сите обвинети се изјаснија за невини.