Србија има многу позитивно искуство во економската соработка со Кина и има намера да ги зајакне политичките, економските и културните врски со таа земја, рече српскиот претседател Александар Вучиќ, обраќајќи се на виртуелниот самит по повод 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина.
Вучиќ посочи дека Србија „добро се сеќава“ на помошта и поддршката на Кина за време на санкциите наметнати врз поранешна Југославија во 90-тите години и им се заблагодари на кинеските претставници за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија.
Србија демонстрира воена сила и најавува нови инвестиции за вооружување
„Србија на иницијативата „Појас и пат“, покрената како дел од глобалната визија на кинескиот претседател Си Џинпинг, гледа како на вреден придонес за создавање услови за рамномерен развој како еден од клучните предуслови за глобалната стабилност“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека како резултат на взаемно корисната соработка меѓу Србија и Кина е обновена инфраструктурата во Србија и развиена индустријата.