Рускиот суд на анектираниот полуостров Крим му го продолжи притворот на дописникот на Радио Слободна Европа (РСЕ) Владислав Јесипенко за шест месеци, на денот кога стотици луѓе најавија протестен собир во Украина, барајќи негово ослободување. Судот во Симферопол денеска донесе одлука дека Jeсипенко, кој е во притвор од март, ќе остане зад решетки до декември, додека го чека судењето.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го уапси Јесипенко, двоен државјанин на Русија и Украина, на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина, под сомнение дека собирал информации за украинските разузнавачки служби.
За време на апсењето, ФСБ тврдеше дека во неговиот автомобил бил пронајден предмет „налик на експлозивна направа“, а подоцна бил обвинет за „правење огнено оружје“. Ова дело се казнува со затвор до шест години.
Руската полиција отвори истрага за нападот на новинар на РСЕ
Во април, за време на јавното сослушување, Jeсипенко сведочел дека бил мачен со електрични шокови, бил претепан и му се заканувале со смрт ако не „признае“ дека шпионирал во име на Украина, објави тогаш неговиот адвокат.
Активистите за човекови права и новинари планираат да се соберат на плоштадот Мајдан во Киев за да го поддржат Jesесипенко и да побараат негово ослободување. Слични демонстрации се планираат и во западна Украина. Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба, исто така, побара ослободување на Jeсипенко, преку објава на Твитер.