МЗ: Сите вакцини се ефикасни и штитат од тешка форма на делта сојот

Апсолутно е неточно тврдењето кај дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина, реагира Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека нема ниту една студија или научен доказ што ова го потврдува и апелираат до медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции.

„Досегашните анализи и официјални информации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51 процент при заштита на асимптоматските случаи и штити 100 насто од развој на тешка форма на болеста“, велат од министерството.

Филипче - Потврден четврти случај на делта сојот

Додаваат дека согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50 проценти во првата студија и 83 отсто во втората студија.

Во меѓувреме денеска е потврден четврти случај на заразен со делта сојот на коронавирусот во земјава, додека четири други лица се суспектни.