Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев денеска на средба во Софија со словенечкиот амбасадор во Бугарија Анжеј Франгеш, ја потврдил бугарската поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, посочувајќи ја неопходноста од поефикасен дијалог и реална волја за решавање на прашањата меѓу С. Македонија и Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, акцентот бил ставен врз барањето да бидат исполнети ангажманите во билатералниот договор.
Бугарската владина прес-служба информираше дека било истакнато и дека европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Северна Македонија и обвинувајќи ја Бугарија, како што е посочено, без реални аргументирани основи.
Софија останува на ставот- нема напредок за Скопје во ЕУ
Јанев и Франгеш исто така го разговарале за почетокот на словенечкото претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде надежна и сигурна Унија, способна да обезбеди стабилност во нејзиното соседство. Во тој контекст била истакната клучната улога на трансатлантската соработка и перспективите за развој на државите од Западен Балкан.