Руски авион АН-26 со најмалку 28 лица исчезна од радарите на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија, објавија новинските агенции на 6 јули повикувајќи се на локалните власти. Авионот - летал од Петропавловск-Камчатски кон градот Палана - изгубил контакт со контролата на летање при обид за слетување, се вели во извештаите. Регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест членови на екипажот.
Потрагата по жртвите од авионската несреќа во Русија може да потрае со денови
Во последниве години, во Русија се случија неколку авионски несреќи за кои се смета дека биле поради се лошите одржувања на авионите и лабавите стандарди за безбедност. Последната голема воздушна несреќа во Русија се случи во мај 2019 година, кога Сухој Суперџет кој припаѓаше на авиокомпанијата Аерофлот слета и се запали на пистата на московскиот аеродром, при што загинаа 41 лице.