Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „дал се од себе“ Србија да има најдобри можни односи со сите во регионот и оти идејата за Мини Шенген е голема. „Немаме никакви лоши намери и сè уште можеме да постигнеме многу заедно. Таа идеја им пречи на многумина во Европа, и зошто да не им пречи? Тие веќе не се оние кои управуваат со нас, туку ние сега самостојно одлучуваме на нашата сопствена способност“, рече Вучиќ за „Хепи“ телевизија. На прашањето чија идеја е мини Шенген, Вучиќ рече дека „делумно е негова“.
„Мал Шенген“ останува посветен на ЕУ и покрај неисполнетите ветувања
Како што оцени тој, Србија и Хрватска мора да имаат подобри односи, ако сакаат да опстанат. Вучиќ, оценувајќи дека Србија е виновна за сè во црногорските медиуми, уште еднаш повтори дека Србија и дала вакцини на Црна Гора, предложи целосно отворање на границите, како и разговор со српските компании за отворање фабрики во Црна Гора. Вучиќ додаде дека, од друга страна, Македонците ја чувствуваат Србија како своја земја, како и дека Србите се чувствуваат „како дома“ кога одат во Северна Македонија.