Најголемиот хакерски напад хакерски и натаму трае, а се појавија детали за тоа дека бандата која поврзана со Русија, ја пробила заштитата на компанијата чиј софтвер го користат многу компании. Во суштина, криминалците користеле алатка што помага да се заштити од „малициозен софтвер“ за да се шири масовно. Гранка на озлогласената банда REvil, најпозната по изнудата од 11 милиони долари од меѓународнaта компанија за преработка на месо ЈБС оваа пролет, во петокот зарази компјутери на илјадници фирми во најмалку 17 земји, претежно преку компании кои далечински управуваат со ИТ инфраструктурата за повеќе клиенти, наведуваат сајбер истражувачите за безбедност.
ФБИ обвинува хакерска група поврзана со Русија за сајбер напад врз компанија за преработка на месо
„REvil“ првично бараше откуп до пет милиони долари од сите, но синоќа објави дека ќе даде универзален софтверски клуч за дешифрирање што ќе ги ослободи сите погодени машини, во замена за вкупно 70 милиони долари крипто валута. Шведска е можеби најпогодена од нападот. Повеќето од шведскиот синџир на храна „Купс“ со 800 продавници беше затворен целиот викенд, бидејќи нивниот добавувач на софтвер за фискална каса беше погоден од нападот. Исто така, беа погодени и шведскиот ланец аптеки, ланец на бензински пумпи, државната железница и јавниот радиодифузен сервис СВТ. Фирмата за сајбер безбедност ЕСЕТ идентификуваше жртви, вклучувајќи во Британија, Јужна Африка, Канада, Аргентина, Мексико, Индонезија, Нов Зеланд и Кенија. Американски официјални лица велат дека најмоќните банди се со седиште во Русија и нејзините сојузници и дејствуваат толерирани од Кремљ, а понекогаш и во дослух со руските безбедносни служби.