Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан претставува стратегиска инвестиција во мир, демократија, просперитет, безбедност и стабилност во Европа, потврдувајќи го долгорочниот став дека иднината на целиот регион лежи во ЕУ. Ова е главнот заклучок од виртуелниот самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин беше Германија. На него учествуваа лидери од ЕУ и од Западен Балкан.
Учесниците потенцираа дека регионална соработка е фундаментален фактор за партнерите од Западниот Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ и таа не е замена за пристапувањето. Во заклучиците позитивно се оценети напорите да стане реалност Заедничкиот регионален пазар, затоа што со тоа се прави подготовка за натамошна интеграција на Западен Балкан на Единствениот пазар на ЕУ.
Меркел: Не можевме да ја предвидиме блокадата од Софија за Скопје
Седум години по првиот Самит за Западен Балкан одржан во Берлин во 2014 година, шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, како и шефовите на државите или владите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Полска, Словенија и Обединетото Кралство и претставници на Европската унија (ЕУ) и на меѓународните и регионалните тела и организации се сретнаа на видеоконференција во Берлин на 5 јули 2021 година за Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.
Учесниците ја повторија важноста на поврзаноста со одржлив транспорт како камен-темелник на економската и социјална интеграција на Западен Балкан. Учесниците се обврза на градењето врски меѓу Западен Балкан и соседите од ЕУ со создавање интероперабилна средина за развој на заедничкиот транспортен пазар без граници со цел да се поттикнат изгледите на регионот за вршење бизнис. Учесниците го поздравија фактот дека шестте земји од Западен Балкан сега се на листата за која треба да се укинат рестрикциите за патување. Тие се обврзаа на зацврстување на владеењето на правото, кривичната правда и размената на информации меѓу агенциите за спроведување на правото преку Заедничката декларација за принципите на соработка во полето на споделување на размена на информации за спроведување на правдата.