Најмалку 40 новинари се нападнати меѓу кои и дописници на РСЕ од грузискиот сервис на анти-ЛГБТ протестите во Тбилиси. Меѓу повредените се и активисти но и случајни минувачи, јавуваат дописниците на РСЕ оттаму. До насилни протести дојде откако голема група на демонстранти излегоа на улиците за да се спротивстават на Парадата на Гордоста која беше планирана денеска да се одржи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Парадата беше одложена од безбедносни причини, но насилните демонстранти и покрај одложувањето на парадата протестираа против ЛГБТ заедницата, обвинувајќи ги медиумите дека шират пропаганда и „анти-грузиски чувства“. Демонстрантите ја демолираа и канцеларијата на организаторите на Парадата, вееја државно знаме, и ги кршеа реквизитите и симболите на ЛГБТ заедницата.
Организаторите на Парадата на Гордоста во Тблиси изјавија дека виновници за денешните настани се Владата и Црквата кои го охрабруваат „говорот на омраза“ против ЛГБТ заедницата.
Откажана Парадата на Гордоста во Тбилиси поради насилни протести
Претходно грузискиот премиер Иракли Гарабашвили изјави дека е несоодветно да се одржи марш на гордоста, тврдејќи дека тоа ќе создаде конфронтација и е „неприфатливо за голем дел од грузиското општество“.
Православната црква ги повика приврзаниците и верниците да се приклучат на анти-ЛГБТ протестот. Во дел од видеата можеа да се забележат и свештеници кои беа дел од протестите.