Најмалку две момчиња загинале при престрелка во САД

Илустрација

Најмалку две лица загинаа, а други три се ранети при пукање во центарот на Синсинати на 4-ти јули, соопшти локалната полиција. Полицискиот потполковник Лиса Дејвис изјави дека едно лице починало на местото на настанот, а другото починало во локалната болница.

„Другите три лица кои биле застрелани биле пренесени во болници. Двајца се со полесни повреди, а третиот се наоѓа во критична состојба“ изјави таа.

Загинатите се момчиња на 16 и 19 годишна возраст.

Дејвис изјави дека за време на пукањето кои настанало веднаш по свечениот огномет за прослава на 4 Јули, во паркот во Синсинати имало околу 400 тинејџери. Засега полицијата нема осомничени за нападот. Полицијата соопшти дека бара информации од секој што бил сведок на пукањето или има видео за тоа што се случило.