Велика Британија објави 27.334 нови случаи на КОВИД-19, што значи дека зголемувањето на случаите помеѓу 29 јуни и 5 јули за 53% во споредба со претходните седум дена, покажуваат податоците на здравствените британски институции.
Во нив е наведено дека девет лица биле пријавени дека починале во рок од 28 дена по позитивниот тест на ковид-19. До сега во Британија се вакцинирани вкупно 45,35 милиони луѓе со прва доза на вакцина против коронавирус додека 33,73 милиони луѓе веќе примиле втора доза вакцина против ковид-19.