Откажана Парадата на Гордоста во Тбилиси поради насилни протести

Најмалку 20 лица приведени на анти ЛГБТ протестите

Припадниците на ЛГБТ заедницата во Грузија го откажаа планираниот марш на Гордоста кој требаше денеска да се спроведе поради насилни протести против Парада на Гордоста. Во синоќешните протести стотици насилни демонстранти нападнаа активисти и новинари. Најмалку 15 новинари беа нападнати на различни локации вклучително и двајца репортери на Радио Слободна Европа додека известувале за настанатите поврзани со Парадата на Гордоста во Тбилиси.

Во видеата кои беа објавени на социјалните мрежи анти- ЛГБТ групи вејат државно знаме на Грузија, биле искинати постери и знамиња на ЛГБТ заедницата и била ограбена нивната канцеларија во Тбилиси.

Во соопштението за откажување на настанот организаторите на Парада на Гордоста ги обвинуваат црквата и владата за охрабрување на говорот на омраза кон ЛГБТ заедницата како и за не заштитувањето на нивните права.

Претходно грузискиот премиер Иракли Гарабашвили изјави дека е несоодветно да се одржи марш на гордоста, тврдејќи дека тоа ќе создаде конфронтација и е „неприфатливо за голем дел од грузиското општество“.

Православната црква ги повика приврзаниците и верниците да се приклучат на анти-ЛГБТ протестот. Во дел од видеата можеа да се забележат и свештеници кои беа дел од протестите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Вон ѕидовите“- Втора Парада на гордоста

Парада на Гордоста во Скопје