УЕФА ги коригира информациите на нејзината официјална веб-страница кои се однесуваа на претседателот и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и Филип Поповски и сега тие се запишани како Македонци.
„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.
МНР испрати реакција до УЕФА бидејќи Сејдини и Поповски беа запишани дека по националност се „Северномакедонци“.